Македонскиот репрезентативец, Стојанче Стоилов во пресрет на вечерашниот натпревар против Хрватска во своја изјава потенцираше дека хртватите ни се должници од СП во Катар, каде нашата репрезентција имаше иницијтива и водство на почетокот, каде во продолжение го загубивме мечот.

„Мислам дека нема да биде ништо поразлично од претходните три средби. Хрватска ни е должник од Катар. Таму имавме добар натпревар, добро отворивме, но бевме деконцентрирани во продолжние и го загубивме мечот. Се надевам дека ја научивме лекцијата од тој меч. Добро се познаваме, ќе биде типичен балкански дуел со многу борба, во која посакувам да победиме. Карачиќ и Циндриќ се доста незгодни играчи ако им се даде слобода. Ги знаеме, мислам дека можеме да ги спречиме и сметам дека од нив ќе доаѓа најголема опасност. Хрватска има освежување во своите редови, но исто така имаме и ние. По Светското првенство во Катар тие го променија тренерот, имаат светски играчи, но мислам дека ќе им недостасува Степанчиќ, тоа е само во наша полза се надевам ќе го искористиме правилно.“
– изјави Стоилов.