Пикерот Стојанче Стоилов и левиот бек Филип Талески се двајцата македонски репрезентативци кои се наоѓаат меѓу вкупно 40 ракометари номинирани за „олстар-тимот“ на Европското првенство во Хрватска.
Конкуренција на Стојанче Стоилов се Бјарте Мирхол (Норвешка), Адриан Фигуерас (Шпанија), Блаж Благотиншек (Словенија) и Јеспер Нилсен (Шведска). Додека на Филип Талески се Микел Хансен (Данска), Уладзислав Кулеш (Белорусија), Борут Мацковшек (Словенија) и Симон Јепсон (Шведска).
Гласањето е отворено до 27-ти Јануари точно напладне, а „олстар-тимот“ ќе биде објавен официјално в недела, во текот на последното шоу на ЕП, во 17:00 часот.
Можете да гласате на следниот ЛИНК.