Нашите ракометари овие два дена ги искористија да се одморат пред решавачките натпревари во главната фаза на ЕП во Хрватска. Се одмараа и со мислите беа кон следниот противник, репрезентацијата на Шпанија.

Стојанче Стоилов изјави дека посакува да одиграат максимално борбено и дисциплинирано како и на претходните натпревари и повторно да ги израдуваат македонските љубители на ракометот со позитивен резултат.

„За нас ништо не е променето, се уште сме истата репрезентација што мора да работи напорно за да дојде до позитивен резултат против секој ривал. Реков сто пати, ќе повторам уште еднаш, не летаме во облаци, одиме чекор по чекор – против Шпанија посакувам да одиграме максимално борбено и дисциплинирано како и досега, ако го сториме тоа ќе имаме шанса за позитивен резултат. Секако дека тие се фаворити, но добро за нас е што Раул ги знае, почна со анализите, па максимално подготвени ќе влеземе во овој натпревар“ – изјави Стоилов за порталот на Екипа.