Македонскиот репрезентативец, Стојанче Стоилов во последните секунди од натпреварот имаше шанса да стави точка на натпреварот. Каде нашата репрезентација ќе издвојуваше победа, но за жал Стоилов не погоди.

Стоилов одигра феноменална партија вечерва, но не беше задоволен од тоа што го промаши шутот за победа:

„Кога ќе промашиш шут за победа, нерешениот резултат не е сладок. Имав шанса да го решам натпреварот, но избрзав и шутнав лошо. Па тој бод сега и не е толку сладок. Можевме да пренесеме четири бода, но тоа е тоа … Денеска не погодив, утре можеби ќе дадам, таков е ракометот. Ми олесна кога промашија Германците. Ќе бев голем трагичар. Вака, колку толку соиграчите ме покрија. Не краси борбена игра и се надевам ќе го пренесеме тоа во Вараждин” – изјави Стоилов.