Денес ракометарите на РК Вардар гостуваат во Унгарија, кај европскиот вице-шампион Веспрем во рамките од реванш натпреварот од 1/4 финалето во Лигата на шампионите. Пикерот на РК Вардар, Стојанче Стоилов изјави дека за поразот во Скопје главни виновници беа промашените зицери и дека во Унгарија одат на победа и историски успех за македонскиот ракомет.

„Одиме на победа во Унгарија, нема што да загубиме и така сме најопасни. Ни треба малку среќа и да го видиме тој Келн. Промашивме премногу чисти шутеви на првиот натпревар, голманите немаа свој ден. Кога гледам сега на првиот натпревар, штом си промашил толку многу зицери, значи не си играл толку лошо. Имавме ние некоја игра, но ги промашивме тие чисти шутеви“ – изјави Стоилов.

Натпреварот се игра од 17:30 часот, со директен преност на МРТ.