Одличното прво полувреме, предноста од 5 погодоци и падот во последната четвртина од натпреварот, го отсликаа вечерашниот натпревар на македонската репрезентација против Норвешка. Во изјава после натпреварот Стојанче Стоилов видно разочаран, бидејќи по втор пат Македонија не успева да победи во еден егал натпревар

„Требаше да го победиме овој натпревар. Имавме водство, и тоа солидно, но потоа повторно ни се случи пад во играта. После одличното прво полувреме, во вториот дел како да не сме истата репрезентација. На крајот реми, ќе остане да жалиме за победата. Сега ни останува уште еден меч, против Белорусија, и ќе сториме се за да го добиеме“– изјави Столе Стоилов.