Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов на денешната прес-конференција во пресрет на последниот натпревар во Лигата на шампионите годинава со Кристијанштад изјави дека нема да биде лесно против шведскиот претставник и дека на гости ни доаѓа незгоден ривал. Навидум лесен натпревар на хартија, но не смее никако да го потценат и предвреме да помислат дека ќе дојдат до лесна победа.
„Против Кристијанштад навидум не чека лесен натпревар, но не смееме да ги потцениме. Тоа е незгодна, динамична екипа, но ако одиграме како што знаеме не треба да имаме проблеми. Се е како што посакуваме, досега се течеше добро и се надевам дека нема да го расипеме крајот и ќе ја израдуваме нашата публика” – изјави Стојанче Стоилов.
Натпреварот се игра во сабота од 17:30 часот, со директен пренос на МРТ.