На денешниот прв тренинг на РК Вардар во рамките од стартот на подготовките за новата сезона, беше соопштено дека македонскиот репрезентативец, Стојанче Стоилов е новиот капитен на „црвено-црните“. На овој собир недостасуваа само репрезентативците на Хрватска, Иван Карачиќ и Лука Циндриќ.

Капитенската лента, Стојанче Стоилов ја наследува од Филип Лазаров кој ја заврши соработката со РК Вардар и во новата сезона ќе настапува за романскиот Темишвар. По заминувањето на Лазаров во Темишвар и на Дејан Манасков во Рајн Некар Левен, Стоилов остана единствен македонски репрезентативец во составот на РК Вардар.

Среќно Столе!