Македонија ја совлада репрезентацијата на Тунис со 34:30, во натпревар во кој нашите ракометари одиграа одлично и со пресврт се вратија. Покрај капитенот Лазаров, одлична игра прикажа и Стојанче Стоилов, кој постига 7 погодоци.
После натпреварот, Стоилов изјави:
„Сите ја чекавме оваа победа. Одигравме со срце, храбро. Знаевме дека ќе биде тешко, но дадовме се од себе, и го остваривме тоа што го планиравме. Но, не треба да летаме сега во облаци. Да останеме смирени и треба уште да победуваме на овој мундијал“ – изјави Стојанче Стоилов.
На прашањето, како го направија пресвртот .. Стоилов во негов стил изјави:
„Поим немам. Тие играа многу цврсто, ние го издржавме тој период и потоа се вративме до триумф“