Македонската репрезентација ја забележа втората победа на Светското првенство во Германија и Данска, против репрезентацијата на Бахреин со резултат 28:23.
Левиот бек, Филип Талески изјави дека Македонија одигра максимално со Бахреин за да ја запише втората победа, но дека црвено-жолтите направиле многу грешки посебно во нападот кога имале избрзани шутеви.
„Се гледа дека првиот натпревар, како и овој втор во Бахреин, двете репрезентации покажаа дека се доста квалитетни и дека може да изненадат некого. Одигравме максимално за да победиме, но доста грешки направивме посебно во нападот, имавме избрзани шутеви … Ако играме така немаме шанси во следните натпревари. Научени сме да играме на ваков турнирски систем. Подготвени сме и утрешниот натпревар со Хрватска е клучен. Мора да влеземе максимално концентрирани, ќе се подготвиме максимално, целото време до утре ќе го искористиме за одмор и анализа“ – изјави Талески.