Македонскиот репрезентативец, Филип Талески одигра одлична партија во генерално лошото издание на Рајн Некар левен против Кјелце, во кое повторно загуби со 30:36. На овој натпревар Талески постигна 4 погодоци од исто толку обиди, а имаше и солидно издание во одбраната.
Но, сепак овој дуел беше решен уште во првиот натпревар во Кјелце, кога германците настапија со вториот тип поради спорот со ЕХФ и преклопените термини со Бундес лигата. Полската екипа тоа максимално го искористи и со убедливата победа од 41:17 (24 погодоци разлика), на вечерашниот натпревар само го потврди своето учество во 1/4 финалето во ЛШ.
Во 1/4 финалето за пласман на Ф4, Кјелце за противник ќе ја има екипата на ПСЖ која како првопласирана во групната фаза обезбеди директен пласман во 1/4 финалето.
1/4 финални двојки во Лигата на шампионите:
- Кил – Вардар
- Кјелце – ПСЖ
- Фленсбург – Монпелје
- Нант – Скјерн