Иако првичниот договор беше македонскиот репрезентативец во екипата Рајн Некар Левен да се пресели во јули 2018 година, сепак челниците на клубот договорија договор со раководството на Металург, на кој платија оштета и веќе после СП во Франција, Талески ќе замине за Германија.

Филип Талески нема да има право да настапува во Лигата на шампионите, тој ќе игра само во Бундес-лигата и ќе го носи дресот со број 28.

„Да бидам искрен малку пребрзо ми дојде заминувањето во Германија, но драго ми е што се реши пред да почне Мундијалот. Среќен сум што заминувам во најсилната лига на светот, но и тажен сум што го напуштам Металург, кој со години беше мое семејство. Да бидам искрен драго ми е што со мене е Дејан Манасков, со кого секојдневно се слушам и верувам дека неговото присуство ќе ми биде од голема полза. Малку можеби и чувствувам притисок што во оваа репрезентација сега се бараат големи работи од мене, но тоа е нормално, а покрај играчи како Миркуловски и Лазаров секако дека ќе ми биде полесно“
– изјави Талески за порталот Гол.мк