Нашата младинска репрезентација денес ги започнува натпреварите во рамките на Европското првенство за ракометари до 20 години, кое ќе се одржи во Данска.

Нашите млади ракометари се во една од најтешките групи заедно со репрезентациите на Норвешка, Холандија и домаќинот – репрезентацијата на Данска. Првиот натпревар, нашите ракометари го играат вечерва со почеток во 17:45 часот, а прв противник ќе ни биде одличната репрезентација на Норвешка. Во пресрет на овој натпревар, како и на самиот старт на ова првенство, нашиот младински репрезентативец Филип Талески за нашиот сајт го изјави следното:

,, Подготовките за ова првенство поминаа во најдобар ред. Она што е најважно е дека немаме проблем со повредите и немаме повредени играчи, што значи одиме комплетни на ова натпреварување. Се спремивме психички и работевме на тактичкиот дел за да можеме да одговориме на секаков предизвик. Јас и моите соиграчи ќе дадеме се од себе за што подобар пласман” -истакна Талески.

Репрезентациите на Франција и Србија со меѓусебен дуел ќе го отворат ова Европско првенство, а натпреварот помеѓу овие две репрезентации започнува во 13:30 минути.

Сите натпревари од ова првенство можете да ги следите на: http://livestream.com/m20euro