Екипите на Металург и Вардар денес со почеток во 18 часот ќе одиграат натпревар од редовното коло од плејоф фазата од нашето најсилно ракометно натпреварување. Ова е втор натпревар помеѓу овие две најдобри екипи, во првиот натпревар беше подобра екипата на Вардар која успеа да забележи тешка победа на домашен терен против Металург. Вардар во Автокоманда доаѓа со позитива од 4 голови, па на екипата на Металург потребна им е победа од 4 голови за освојување на шампионската титула. Судејќи по атмосферата што ја има во салата во Автокоманда кога екипата на Металург игра, сигурно е дека денес ќе следиме вистинска борба помеѓу овие две екипи.

Тимот на МакРакомет, поразговара со бекот на Металург и наш репрезентативец, Филип Талески кој ни ги изнесе своите очекувања за овој натпревар кој е од огромно значење за екипата на Металург.

,, Се подготвувавме за денешниот натпревар и се надевам дека јас и секој од моите соиграчи ќе даде се од себе и секој ќе ја заврши и исполни својата задача како што треба. Јас верувам во сите момци и имаме огромна желба за игра денес. Треба да влеземе смирено и опуштено во натпреварот, бидејќи немаме што да загубиме! “ – истакна Талески.