Марио Танкоски Никола Митровски Трофеј Карпати

Македонската репрезентација со одлична игра во второто полувреме ја совлада репрезентацијата на Романија и стигна до пехарот на „Трофеј Карпати“, а нашите ракометари воедно ги собраа и индивидуалните награди на овој турнир.

  • МВП на турнирот = Марио Танкоски.
  • Најдобар голман = Никола Митревски.

Сосема заслужено, бидејќи двајцата одиграа два одлични натпревари на турнирот „Трофеј Карпати“. Вечерва бекот на Металург, Марио Танкоски постигна 8 погодоци, додека Никоа Митревски забележа 16 интервенции.