Ракометарите на Тинекс Пролет дојдоа до својата шестта победа во оваа сезона откако денес успеаа да го совладаат тимот на Вардар Јуниор со 23:26 (14:13). Избраниците на Темелковски го изненадија тимот на Вардар Јуниор и заслужено дојдоа до победа. На самиот старт на натпреварот, вардарци создадоа предност од 3 голови, но тоа кратко траеше па до крајот на првите 30 минути се водеше вистинска борба. Сепак Вардар Јуниор со минална предност замина на одмор 14:13.
За разлика од првото полувреме, второто беше полно со изненадувања и неизвесност. Следуваше серија на домаќините, а гостите успеваа на неколку пати резултатски да се вратат. Веќе во самиот финиш на натпреварот, екипата на Пролет по неколкуте голови негатива успеа да дојде до израмнување, а потоа и да поведе. Со головите на Стојановски и Андоновски, Тинекс Пролет дојде до +2 и на крајот сосема заслужено ја однесе победата.
Најефикасни на овој натпревар од Тинекс Пролет беа Андоновски кој постигна дури 12 голови и голманот Кимевски кој имаше 15 интервенции.