Вечерва со почеток од 18:30 часот, екипите на РК Тинекс Пролет и РК Металург ќе одиграат натпревар од последното 18-то коло од првата фаза од нашето најсилно ракометно натпреварување. Домаќин на овој натпревар е екипата на Тинекс Пролет и истиот ќе се одигра во спортската сала ,,Македонско сонце”. Веќе пред почетокот на последното коло состојбата на табелата е јасна. Првите четири екипи Металург, Охрид, Прилеп и Работнички обезбедија учество во натпреварувањето за титулата во кое ќе се приклучат и екипите на РК Вардар и РК Макс Струмица. Преостанатите екипи ќе играат во плејаут и ќе се борат за опстанок во ВИП Супер лигата.
Покрај овој натпревар помеѓу РК Тинекс Пролет и РК Металург, на програмата денес е уште еден натпревар од ова 18-то коло. Екипата на РК Прилеп ја пречекува на домашен терен екипата на РК Радовиш. Почетокот на овој натпревар е закажан за 19 часот.
Директен пренос од сите натпревари од ВИП Супер лигата можете да следите на официјалната страна на Ракометната федерација на Македонија.