Со натпреварите изминатиот викенд, заврши првиот дел од сезоната 2016/17 во ВИП Супер лигата. По одиграни 14 кола, екипата на РК Пелистер се есенски првак на Македонија, кој забележаа 11 победи, 1 реми и 2 порази, освојувајќи 34 бода, три повеќе од второпласираниот РК Охрид 2013.
На четири кола до крајот од сезоната, битолчани се единствените со веќе обезбеден пласман во плејоф фазата, каде ќе играат против Вардар, Металург и останатите три екипи од ВИП Супер лигата. Најблиску до тие три екипи се екипите на РК Охрид 2013 и РК Еурофарм Работник, на кои им требаат уште еден и четири бода соодветно во пролетниот дел од натпреварувањето. За последното место кое ќе води во плејоф завршницата ќе се борат екипите на ГРК Борец, РК Прилеп, РК Радовиш, РК Тинекс Пролет и РК Металург 2.
МакРакомет врз основа на статичките податоци од РФМ (по одиграните 14 кола), ви ги преставува најдобрите во ВИП Супер лигата.
Топ 10 стрелци:
- Монтеро Де Барос Сергио Хенрике (РК Еурофарм Работник) 111
- Андоновски Ласко (РК Пролет 62) 101
- Илиев Ивица (ГРК Борец) 96
- Милосављевиќ Игор (РК Радовиш) 85
- Димитриоски Димитар (РК Металург 2) 81
- Вујачиќ Ристо (РК Вардар Јуниор) 75
- Кобетиќ Марко (РК Охрид 2013) 73
- Орјоникидзе Теимураз (РК Прилеп) 68
- Василевски Александар (РК Пролет 62) 60
- Крстевски Горан (РК Металург 2) 58