кире лазаров сп франција исланд традицијата

Репрезентацијата на Македонија денес го игра клучниот натпревар против Исланд на Светското првенство во Данска и Германија.

После поразот од европскиот шампион Шпанија, на Македонија единствено што и одговара во денешниот натпревар е победа и само така можеме да се пласираме во следната фаза.

Традицијата против Исланд не е на наша страна, во минатото против нив сме одиграле дури 15 официјални натпревари, а имаме само три победи и едно реми.

  1. Исланд 32-23 Македонија – квалификации ЕП (12.09.1999)
  2. Македонија 32-29 Исланд – квалификации ЕП (19.09.1999)
  3. Македонија 25-26 Исланд – квалификации СП (10.06.2000)
  4. Исланд 38-22 Македонија – квалификации СП (11.06 2000)
  5. Македонија 30-35 Исланд – квалификации СП (02.06.2002)
  6. Исланд 33-28 Македонија – квалификации СП (09.06.2002)
  7. Македонија 34-26 Исланд – квалификации СП (08.06.2008)
  8. Исланд 30-24 Македонија – квалификации СП (15.06.2008)
  9. Македонија 26-29 Исланд – квалификации ЕП (18.03 2009)
  10. Исланд 34-26 Македонија  квалификации ЕП (17.06.2009)
  11. Македонија 19-23 Исланд – СП 2013 (15.01.2013)
  12. Македонија 27-29 Исланд – ЕП 2014 (20.01.2014)
  13. Македонија 27-27 Исланд – СП 2017 (19.01.2017)
  14. Македонија 30-25 Исланд – квалификации ЕП (04.05.2017)
  15. Исланд 30-29 Македонија – квалификации ЕП (07.05.2017)

Дали денес нашите ракометари ќе ја прекинат традицијата, ќе видиме во 18:00 часот!