Телевизија Телма ќе ги пренесува натпреварите од престојното Европско Првенство (ЕП) во Шведска, Австрија и Норвешка, каде ќе настапи македонската репрезентација.
Нашата репрезентација ќе игра во групата Б во Виена (Австрија), а љубителите на ракометот кои нема да можат да отпатуваат во австриската престолнина, ќе можат да ги следат преку преносите на ТВ Телма.
Телма освен натпреварите на нашата репрезентација, ќе пренесува и дeл од другите средби во нашата група и најинтересните пресметки од останатите групи.