Нашата младинска репрезентација (У20) од утре па се до недела ќе биде дел од квалификацискиот турнир на кој учество земаат 4 репрезентации. Покрај нашата репрезентација и домаќиноит Франција, во оваа квалификациска група се наоѓаат и репрезентациите на Словенија и Израел. Селекцијата која ќе го обезбеди првото место на крајот од овој квалификациски турнир, ќе обезбеди учество на светското младинско првенство што ќе се одржи во Русија оваа година.
На стартот на овие квалификации, нашата репрезентација за противник ја има селекцијата на Израел, противник кој е малку познат и досега не учествувал на некои од континенталните натпреварувања во оваа категорија. Овој натпревар ќе се одигра во петок, 18.03.2016 година со почеток во 14:30 часот.
По кратки подготовки, нашата репрезентација денес замина за Франција, а на конечниот список на селекторот Симовски се најдоа следниве ракометарки:
Голмани: Драгана Петковска, Нина Ладева, Матеа Серафимова
Крила: Сара Митова, Наташа Нолевска, Сара Ристовска, Ивана Ѓорѓиоска, Ангела Петровска
Бекови: Симона Стојановска, Теодора Керамичиева, Стефанија Мишевска, Леонида Гичевска, Маја Каранфиловска
Пивоти: Николина Бојаџиска, Сања Дабевска, Теодора Ципушева, Зорица Михајлова
Од ракометарките кои се најдоа на поширокиот список на селекторот Симовски, на овој конечен список недостасуваат Ангела Тодоровска која квалификациите ги пропушта поради повреда, Сара Цаневска и Елена Петковска која уште пред самиот старт на подготовките одби да настапи за репрезентацијата на овој квалификациски турнир.
Распоред на натпревари:
Петок: Македонија – Израел 14:30 часот
Сабота: Македонија – Словенија 15 часот
Недела: Македонија – Франција 15 часот