Со извонредна игра во текот на сите 60 минути, Македонија ја совлада репрезентацијата на Полска со 30-22 на стартот од квалификациите за Светското младинско првенство.
Силовито почна нашата репрезентација од самиот почеток и и даде до знаење на противничката екипа дека нема што да бара во овој меч. Првите 5 гола ги постигнаа пет различни играчи што уште повеќе му ја отежна работата на противникот, кој не знаеше од каде доаѓа најголемата опасност. Со добра игра се продолжи и понатаму и веќе на средината од првото полувреме резултатот беше 10-4. Македонија продолжи жестоко до крајот на првото полувреме и замина на полувремето со предност 16-8. Иако цела репрезентација одигра одлично во првиот дел, вреди да се спомене Шилегов кој постига 6 гола од 6 обиди.
Во вториот дел Македонија продолжи да игра добро и покажа дека е подобар противник. Во 40-та минута, со голот на Талески Македонија дојде до највисоките 15-24. Од овој момент, селекторот Темелковски, сосем оправдано калкулираше со силата на своите најдобри играчи, има даде минутажа речиси на сите играчи, што несомнено ја спаси Полска од резултатска катастрофа. Сепак, и вака, Македонија славеше убедливо со 30-22.
Кај Македонија стрелци беаа Шилегов со 8 погодоци, Талески 5, Нелоски 4, Велковски 4, Палевски 3, Арсеновски 3, Петровски 1. Одличен настап имаа и двајцата голмани Томовски и Даниловски.
Во другиот меч од нашата група Португалија убедливо ја совлада Турција со 40-27, што значи дека утрешниот дуел меѓу Македонија и Португалија најверојатно ќе го одлучи победникот во нашата група и патникот на СП во Алжир.
Мечот со Португалија се игра во четврток, со почеток во 17:45.