Утре од 12:00 часот, ќе започне продажбата на влезниците за бараж-натпреварот за Светското Првенство 2017 помеѓу репрезентациите на Македонија и Чешка.
Сите оние кои сакаат да ја бодрат Македонија, цената на картите ќе биде 100 и 200 денари, а натпреварот се игра на 15 јуни од 20:00 часот во салата „Борис Трајковски“.
Влезниците се достапни online насекаде низ Македонија во продажната мрежа на www.karti.com.mk и www.mktickets.mk:
- Југотон ГТЦ 1 кат
- Универзална Сала – Скопје
- Тобако – МПМ Прес
- Тобако Гоги – Драчево
- Тобако Дрводекор
- Тобако 2 – Скопјанка
- Њу Тобако – Охрид
Натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе претставува реванш од бараж-двомечот откако првата средба ќе се одигра во Злин на 11 јуни, а победникот ќе обезбеди учество на Светското Првенство во Франција 2017 година.