Македонскиот ракометен вицешампион Металург остана без еден од најдобрите поединци минатата сезона, откако вчера Вања Илиќ потпиша договор со Натурхаус Ла Риоха.
Неколку недели Илиќ преговараше со управата на Металург, но сепак на крај не успеаја да се договорат, по што неговиот транфер беше очекуван.
Илиќ во моментов се подготвува со репрезентацијата на Србија за бараж-натпреварот против Португалија за пласман на Мундијалот.