На едно коло до крајот на сезоната, ракометарите на Вардар ја одбранија шампионската титула во домашното првенство совладувајќи го Пролет со 38:25 во рамките од 9-то коло од плејофот.
Очекувано „црвено-црните“ лесно стигнаа до 9 победи и го подигнаа пехарот. Второпласиран е Металург, кој со Вардар, мечот од последното коло, ќе го одиграат по завршувањето на фајналфорот во Келн.
Табела:
- Вардар 27
- Металург 16
- Еурофарм 13
- Пелистер 6
- Пролет 4
- Охрид 1
Следни цели на вардарци, се одбрана на Купот на Македонија (викендов) и европската титула во ЛШ, следниот викенд во Келн.