Македонскиот првак вечерва против Рајн Некар Левен ќе го игра последниот натпревар на домашен терен оваа година, во рамките од Лигата на шампионите.

По големата победа на истоимениот противник пред 10 дена, каде што „црвено-црните“ издвојуваа победа од 23:33 во Франкфурт, вечерва се очекува повторно со една добра игра да остане СЦ „Јане Сандански“ несовладив и со двата нови бода да се зацврстат на првото место во групата Б.

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалез изјавии дека и покрај убедливиот триумф во Мајнхајм, не треба да се залетуваат по некоја победа од десет голови разлика, битно е да се освојат бодовите, па тоа да биде и со еден гол повеќе од противникот.

„И покрај убедливата победа на гостувањето, треба да имаме почит за Рајн Некар бидејќи станува збор за силен противник. Не треба да се залетуваме дека треба да победиме со десет голови разлика, доволна е и победа од еден гол“
– изјави Раул Гонзалез.

Во екипата се враќаат Карачиќ и Абутовиќ, кои беа неизвесни поради нивните мали повреди кои ги имаа во изминатиот период. Додека кај гостите, за жал нема да биде во екипата македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, кој поради настинка не допатува во Скопје.

Натпреварот започнува од 17:30 часот, со директен пренос на МРТ.