Во рангирањето на ЕХФ, екипата на Вардар се најде во третиот шешир заедно со екипата на ПСЖ, а ракометарите на Металург се најде во вториот шешир со екипата на Холстебро.
Што значи дека, кога ќе биде ждрепката во петок (1 јули) за одредувањето на групите во Лигата на шампионите, нашите екипи нема да се паднат во иста група со овие екипи.
Ждрепка за групите А и Б од ЛШ:
- Прв шешир: Веспрем, Рајн Некар Левен
- Втор шешир: Барселона, Киелце
- Трет шешир: ПСЖ, Вардар
- Четврт шешир: ППД Загреб, Силкеборг
- Петти шешир: Мешков Брест, Висла Плок
- Шести шешир: Пик Сегед, Флензбург
- Седми шешир: Целје, Шафхаузен
- Осми шешир: Кристијанштад, Кил
Ждрепка за групите Ц и Д од ЛШ:
- Прв шешир: Ла Риоха, Нант
- Втор шешир: Металург, Холстебро
- Трет шешир: Мотор Запорожје, Чеховски медведи
- Четврт шешир: Бешикташ, Монпелје
- Петти шешир: Динамо Букурешт, Елверум
- Шести шешир: Квалификанти 1 и 2
Натпреварите од групната фаза во новата сезона од ЛШ, стартуваат на 21 септември!