Вардар го победи Татран Прешов, за потврда на првото место во СЕХА

Вардар Иван Чупиќ

Ракометарите на Вардар ја забележаа 8-та победа во групната фаза од ракометната СЕХА лига и го осигураа првото место на табелата по завршувањето на регуларниот дел, откако синоќа издвојуваа победа над Татран Прешов со 28:25 во последниот натпревар на домашен терен годинава.

Вардар покажа две лица на вчерашниот натпревар против Татран Прешов, првото беше вообичаеното кое го гледавме и во Лигата на шампионите со лоша одбрана и многу примени голови, а второто беше спротивното.

Во првото полувреме Вардар имаше негатива од четири погодоци, со која влезе и во второто полувреме. Гостите играа тактички добро, со долги нападо до пасивен, а „црвено-црните“ беа лоши во одбраната и примија 17 погодоци и го загубија првиот дел со 13:17.

За разлика од првото полувреме, во второто видовме една сосема поинаква слика на вардарци. Ја променија одбраната од 6-0 во 5-1, се разбрани и Гедбан, кој само во вториот дел запиша 8 одбрани. Уште на стартот направија серија 5-0 и се вратија резултатски во игра. Во продолжение со исто темпо и уште две мини серии го превзедоа водството и контролираа натпреварот до самиот крај.

Најефикасни на натпреварот беа Иван Чупиќ и Павел Атман со по пет постигнати погодоци, додека кај гостите најефикасен беше Лапајне со шест постигнати погодоци.

Вардар откако го осигура пласманот во четвртфиналето, останува да одигра уште еден натпревар во недела против екипата на Нексе во гости, со што ќе го заврши регуларниот дел за оваа 2019 година.

ФОТО: Екипа.мк

АКЦИЈА
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет