По завршувањето на СП во Франција и целата еуфорија околу македонската репрезентација, продолжуваме со македонските екипи. Македонскиот шампион, Вардар ќе го пречека незгодниот Нексе во рамките од последниот натпревар пред домачната публика во СЕХА лигата. Екипа која по доаѓање на новиот тренер, играат сосем солидно, а доказ за тоа е натпреварот против Веспрем, кога одиграа 29:29 на домашен терен.

„Црвено-црните“ до крајот на регуларниот дел треба да одиграат уште три натпревари, на кои за да го освои првото место на табелата и влегување во Ф4 турнирот му требаат две победи. Покрај денешниот со Нексе, ракометарите на Вардар ќе гостуваат кај Горење (5-ти фебруари) и кај Извиѓач (14-ти фебруари).

Комплетен е составот на Вардар за денешниот натпревар, во кој ќе пробаат да ја продолжат победничката серија и задржат првата позиција на табелата во СЕХА лигата.

„По долга пауза, ги почнуваме натпреварите од СЕХА лигата. Очекувам многу добар натпревар, многу интензивен. Ние сакаме да бидеме победници на лигата, а пред нас се три натпревари и треба да ги победиме на два ако го сакаме прво место. Ќе играме против Нексе, кои сега имаат нов тренер, и во натпреварот против Веспрем победија на гости. Тие играат многу добар ракомет. Од вчера почна да тренира цела екипа, освен Циндриќ, кој има пауза до утре. Но, потоа ќе ги имаме сите играчи и ќе одлучиме кој ќе игра. Немавме многу тренинзи во изминатиот период со целата екипа. Заедно сме од понеделникот, но очекувам да играме добро и треба да го искористиме времето и да се уиграме. Првиот тренинг може не беше како ние што сакаме да биде, но беше добар тренинг” – изјави Раул Гонзалес.

Натпреварот против Нексе се игра од 17:45 часот, во СЦ „Јане Сандански”.