Денес од 17:45 часот, ракометарите на Вардар го пречекуваат хрватскиот шампион ППД Загреб во рамките на СЕХА лигата. Натпревар во кој откако двата тима ги завршија настапите во Лигата на шампионите е од исклучителна важност, доколку сакаат да го обезбедат Ф4 турнирот во СЕХА лигата.
Вардар ќе игра без Игор Караџиќ, односно со истиот тим со кој го заврши последниот натпревар во ЛШ против Колдинг. На првата пресметка оваа сезона, Загреб на домашен терен славеше со 30:25, а во пресрет на овој натпревар влегува како второпласиран со два бода предност и еден натпревар повеќе во однос на „црвено-црните“.
Ракометарите на Вардар на овој натпревар мораат да одиграат на едно високо ниво и да издвојуваат победа, со која би си ги задржале шансите за првите две места на табелата, кои ќе ги однесат директно во полуфиналето.
После денешниот натпревар, вардарци ги очекуваат две гостувања: Најпрво кај аутсајдерот Војводина, потоа против незгодниот Татран Прешов, екипа која Вардар ја совлада на првиот натпревар во Скопје, со 39:32.
На овој натпревар ќе дебитира Велко Маркоски во дресот на ППД Загреб, откако немаше право на настап во Лигата на шампионите изминатите две недели.
Натпреварот започнува во 17:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“
Директен пренос: МРТ1