Вардар Киелце Лига на шампиони

Ракометарите на Вардар денес ќе го пречекаат нивниот добро познат ривал, екипата на Киелце во рамките од 7-то коло во Лигата на шампионите. Екипа против која сите натпревари се посебни, исполнети со тензија и борба до последната секунда.

После кризниот период, за „црвено-црните“ ова е вистинско време да се вратат во својот колосек и продолжат во победнички ритам, во кој љубителите на ракометот се навикнати да ги гледааат. По многуте повреди денес во екипата се враќаат Горпишин и Атман, кои се најдоа на списокот, а за тоа колку се спремни да играат останува да видиме. Криштопанс ја надмина малата повреда, но кај Горбок повредата била наивна и тој денес нема да биде во составот на Вардар.

Вардар предводен од бековското трио Скубе, Дисингер и Криштопанс, капитенот Стоилов и искусните крила Добиров и Чупиќ, ќе се обиде да му се спротистави на незгодниот Киелце и задржи втората позиција на натпреварот.

„Црвено-црните“ ќе мора да ги запрат најрасположливите кај Киелце, тоа се бековите Караџиќ, Душебаев и Лиевски, како и искусниот пикер Агинагалде. А да се обидат да не го разбранат искусниот голман Волф, за кој сите добро го знаеме неговиот квалитет.

Останува најслаба карика во Вардар голманската позиција, која никако да се разбрани и помогне на ракометарите на Вардар. Кугис и Гедбан се немоќни во последните натпревари, но останува да видиме дали Кокшаров ќе му даде шанса на младиот Кузиќ кој одлично ја искористи својата шанса на последниот натпревар против Мешков Брест.

Натпреварот започнува од 17:00 часот, со директен пренос на МРТ.

Фото: Официјалниот сајт на РК Вардар