Ракометарите на Вардар денес и гостуваат на Војводина, во рамките од 13-то коло од СЕХА лигата. Натпревар во кој Вардар влегува како голем фаворит, со што се очекува лесно да дојде до нови бодови, кои ќе го зацврстат меѓу првите четири позиции на табелата.

Вардарци се наоѓаат во добра форма и кај нив постои решеност да завршат со три победи до крајот на оваа 2015 година. Екипата на Војводина се состои од неколку искусни играчи како Растворцев и Пралица, но и млади и талентирани ракометари, со што преставуваат еден добар микс на играчи, кои се незгодни на омашен терен. Но, дотолку вардарци одиграат како што знаат и умеат, нема да преставува голем проблем да се вратат во Скопје со нови бодови.

„Ќе биде тешко зашто кога се игра надвор и кога имате патување главата не функционира 100 посто. Секогаш е тешко. Ние ја почитуваме Војводина, ќе се фокусираме околу неа и нема да мислиме дали после ќе играме со Татран или со Спартак. Сакаме да победиме и мора да освоиме бодови, зашто ни требаат“ – изјави Раул Гонзалес.

До крајот на годината вардардарци имаат уште два натпревари, сите во рамките од СЕХА лигата. Едниот на домашен терен против Спартак Војпут во среда, а другиот на 27-ми, кога ќе им гостува на ракометарите на Татран Прешов.

Денешниот натпревар ќе се одигра од 18:00 часот.