Македонските екипи, Вардар и Металург добија тешки групи во новата сезона од Лигата на шампионите.
Ракометарите на Вардар се носители во Групата А, во која денешната ждрепка во Виена ги смести актуелниот шампион Монпелје, Кјелце, Барселона, Веспрем, Мешков Брест, Рајн Некар Левен, Кристијанштад и Мешков Брест.
Ништо поразлично не го снајде и Металург, кој оваа сезона ќе настапува во групата “Ц“ против екипите на Бјерингбро (Данска), Спортинг (Португалија), Бешикташ (Турција), Чеховски Медведи (Русија) и Татран Прешов (Словачка).
Групите се тешки и прилично израмнети, па се очекува огорчена борба за првите две позиции!
Натпреварите од групната фаза во ЛШ во машка конкуренција стартуваат на 12/16 септември.