Ракометарите на Вардар остануваат и понатаму непоразени во СЕХА лигата, откако вечерва во натпревар со драматичен крај, одиграа реми на гости против екипата на Веспрем, 28:28. Пресудно за ова реми беше седмерецот на Игор Карачиќ, изведен по истекот на 60-те минути.
Вардарци одиграа една добра партија и покажаа карактер, отворајќи го одлично првото полувреме. Водејќи со 4:0 по првите 8 минути, кога домаќините за прв пат погодија. На голот блесна Петар Ангелов, кој запиша уште во првото полувреме 10 одбрани, кои донесоа и висока предност од 7:2 уште по 11 минути игра. Но, ракометарите на Веспрем успешно се вратија во игра до крајот на првото полувреме, за да се замине на пауза со резултат 12:12.
Второто полувреме продолжи со една цврста игра во одбраните на двете страни и играње гол за гол, се до 40-та минута, кога Веспрем направи мини серија од 3-0, за водство од 20:17. Периодов играта на вардарци спласна, дозволувајќи му на Веспрем веќе во 47-та минута да има највисоко водство од 22:18.
Но, после падот во играта, вардарци ја подигнаа својата игра. Кoга сите помислија дека е крај, по голот на Илиќ во 57-та минута, обезбедувајќи предност од 28:25, вардарци направија серија од 2-0 и се доближија на само еден гол и напад во последните 30 секунди од натпреварот. Напад кој умешно го изиграа преку Марсениќ, кој беше фаулиран за седмерец во последната секунда, кој како што рековме, Карачиќ успешно го реализираше.
Најефикасни кај Вардар беа Цинриќ со 6 и Дибиров со 5 постигнати погодоци, додека кај домаќините беа Илиќ со 6 и Иванчиќ со 5 постигнати погодоци.