Ракометарите на Вардар ја покажаа својата моќ, со која му приредија на европскиот шампион „Дежа ву“ ситуација. Како и минатата сезона, така и оваа убедливо го совладаа, овојпат со 40:34.
Натпревар кој во целост го оправда епитетот натпревар на колото, во кое без сомнение уживаа сите љубители на ракометот, особено приврзаниците на екипата на Вардар.
Одличен натпревар, кој започна со цврсти одбрани на двете страни. Се играше гол за гол, и со мини серии од 2-3 гола на двете страни. Најрасположени во нападот беа Дибиров и Душебаев, а конечно на голот се разбуди и Штербик. Се надигруваа помеѓу себе двата одлични статези на клупите, по што на полувреме заминаа со нерешен резултат, 18:18.
Во второто полувреме со исто темпо продолжи натпреварот, се до 42-та минута од натпреварот. Кога вардарци направија серија од 5:0, за кој најзаслужен беше несовладивиот Арпад Штербик (14 одбрани), кој ги откажа ракометарите на Киелце. Серија по која „црвено-црните“ обезбедија 5 погодоци разлика на само 15 минути до крајот на натпреварот. Но, тука не застанаа. Раул повика тајмаут, по кој потоа Вардар одигра уште подобро и со апсолутна доминација го завршија натпреварот за голема победа и нови 2 бода, кои ќе го однесат Вардар на првото место на табелата. Карачиќ во последните 15 минути, само го докрајќи противникот, со што стана најефикасен на натпреврот со 9 постигнати погодоци.
После Карачиќ, најефикасни кај Вардар беа Душебаев и Дибиров со по 9 постигнати погодоци, додека кај гостите Агинагалде го заврши натпреварот со истотака 8 постигнати погодоци.
Фото: www.ekipa.mk