Последната генерација младинци и кадети конечно се пласираа на ЕП.
– Дали е тоа само случајност или плод на добрата работа на клубовите?
– Колкав е придонесот на РФМ за тоа?

Во потрага по одговори на овие прашања ја зачнавме темата „Кoј ги oбликувa млaдите мaкедoнски рaкoметaри“, со што испративме прашалници до сите македонски клубови. Прв клуб кој ни излезе во пресрет е екипата РК Вардар, по што ви ги претставуваме одговорите во целост. Воедно им се заблагодаруваме за брзиот фидбек и се надеваме дека и другите екипи ќе го следат примерот на Вардар.

1. Колку младински школи функционираат во рамките на вашиот клуб, односно отприлика колку деца тренираат ракомет во вашиот клуб?

Веруваме дека секое спортско друштво треба да им обезбеди на младите услови за занимавање со спорт. Посебeн приоритет, на Ракометниот клуб Вардар, е вложување во врвниот спорт и неговиот развој. Ракометниот клуб Вардар се насочи кон едуцирање и мотивирање на младите да се занимаваат со спорт преку формирање на младински ракометни екипи на клубот и школи на Ракометна Академија на Вардар. Во рамките на нашиот клуб, броиме екипи во различни возрасни категории и тоа:

  • Во машка конкуренција – 2 екипи (РК Вардар и РК Вардар Јуниор), јуниорска (96/97), кадетска (98/99), постари пионери (00/01) и помлади пионери (02/03)
  • Во женска конкуренција- 2 екипи (РК Вардар и РК Вардар Јуниор), кадетска (98/99), постари пионерки (00/01) и помлади пионерки (02/03)

Ракометната Академија на Вардар ја сочинуваат вкупно 20 регионални единици. Тие се база на Академијата, чија цел е втемелување на правилниот начин на работа кај младите. Од оваа сезона е формирана Вардар Јуниор Лигата, во која, школите на регионалните единици се вклучени во системот на натпреварување.

2. Како сте задоволни од потенцијалот на младите ракометари (пионери, кадети, јуниори) кои се дел од клубот? Има ли потенцијал некои од нив да се дел од кадетската и јуниорската репрезентација на Македонија?

Многу од нашите млади ракометари се веќе дел од кадетската, јуниорската и сениорската репрезентација на Македонија во машка и женска кокуренција. Ние како клуб насочуваме и посветуваме големо внимание токму на идните генерации.
На основ на вложување во нашите млади ракометари со воспоставен механизам за работа, сигурни сме дека ќе создадеме врвни ракометари, кои ќе бидат дел од нашите сениорски екипи како и национални селекции. На овој начин се оправдува интересот на РК Вардар за вложување во ваков проект кој во исто време е и голем придонес за македонска младина воопшто.

3. Кои се тренерите кои работат со младите играчи? Дополнително, колку првиот тренер на екипата е вклучен во
работата на младите категории во клубот?

Концептот на ракометниот клуб Вардар за избор на тренери кои работат со младите играчи се базира на правото на младите спортисти да се занимаваат со ракомет и да уживаат во тоа. Токму поради тоа, нашите тренери имат голема одговорност во работата со младите, да промовираат фер-плеј и осигураат највисока спортска едукација, со етичко и морално однесување.
Со воспоставување на задачи за управување и јасно одредување на спортско образование на децата и постојано едуцирање и усвршување на нашите тренери, во ракометниот клуб Вардар тренери се поранешни ракометари, со големо искуство со работа со деца, кои се веќе лиценцирани според новиот систем на РИНК-конвенцијата.
Клубската програма за работа со помлади категории е изработена од врвни спортски стручни лица, кои се дел од нашиот клуб, додека комплетниот стручен тим, од сениорските екипи, е вклучен во работата со помладите категории.

4. Што работи клубот за да привлече што е можно повеќе млади деца да се приклучат на ракометот?

Ракометниот клуб Вардар работи на обезбедување популаризација и промоција на спортот со постигнување на високи и врвни ракометни резултати. Со својата развојната програма на РАКОМЕТНАТА АКАДЕМИЈА и развивање на оперативна мрежа за работа со деца сакаме да ја развиеме политиката на спортот помеѓу младите и отвараме нови перспективи за развој на спортот во Македонија. Со иницирање на Вардар Јуниор Лига, и со најпрофесионалната организација на натпревари, овозможуваме на деца вистински да се насочат и имаат шанса низ што е можно повеќе натпревари да го покажат тоа што го научиле низ тренинзите. Со вакви проекти, ќе се овозможи на младите правилен развој, почитување на вредноста и подготовка за предизвиците кои ги очекуваат во животот.

5. Колку сте задоволни од активностите на РФМ околу популаризација на ракометот кај младите и генерално нивните активности во младиските категории, а што може да се смени кон подобро? Или попрецизно, што вас како клуб ви е потребно од РФМ за да работите подобро во младинските категории.

Секако дека има работи на кои би сакале да обрнеме внимание, а тоа е пред се правилна категоризација на деца во однос на натпреварувањето, избор на адекватни големни топки за одредена возрасна категорија и конкуренција. Формирање на пионерски репрезентации и работа со секоја генерација на репрезентативно ниво со долгорочни планови, по кои секогаш ќе може да се предвиди иднината.
Фокусирање за поголема едукација на судии од помладите категории, каде голем акцент треба да се стави на ракометните правила и каде судиите треба да бидат совесни и сигурни во своите одлуки, бидејќи и тие се дел од едукацијата на децата.
Воведување на систем на работа помеѓу клубовите и националните репрезентации, базирајки се на примери од другите врвни европски федерации, кои имат усвоени системи за работа на државно ниво и сите клубови се придржават на тоа , поради заеднички државен интерес.