рк вардар лига на шампиони рајн некар левен

Вардар со голема победа ја започна 2019 година во Лигата на шампиони, овојпат жртва беше фаворизираната пред овој дуел, екипа на Рајн Некар Левен. Македонскиот тим им одржа вистинска лекција по ракомет, контролирајќи го целиот натпревар од самиот почеток и правејќи Рајн Некар Левен да изгледа немоќно пред „црвено-црните“.

Ракометарите на Вардар добро го отворија натпреварот, каде се до 15-та минута се играше гол за гол со минимална предност за „црвено-црните“, која беше 7-6. За потоа да следи серија на вардарци од 6-1, со која се одвоија од германците и заминаа на полувреме со 16:12.

Во второто полувреме Вардар продолжи да доминира, не само што ја одржуваше предноста, туку и ја зголемуваше, па во еден момент дојде и до 8 погодоци предност. Рано пред истекот на 60-те минути Вардарци го откажаа германскиот противник од сите надежи дека може да дојде до победа, па дозволија ракометарите на Рајн Некар Левен само да ја намалат разликата. За крајот македонскиот тим забележи голема победа од 30:27 во битката за втората позиција на табелата.

Најефискасни кај Вардар беа Дибиров со 7, Карачиќ и Стоилов со по 6 погодоци. Додека кај домаќините најефикасен беше Шмид со 9 погодоци и Колбахер со 8 погодоци. Македонскиот репрезентативец, Филип Талески имаше лош натпревар, на кои промаши неколку топки.

Следен противник на Вардар е екипата на Веспрем, која доаѓа во Скопје на 16-ти февруари!