Денес македонскиот ракометен шампион Вардар гостува кај екипата на Целје, во рамките од СЕГА лигата. Гостување во кое не отпатуваа Игор Карачиќ, Страхиња Милиќ и Владо Недановски, но во ростерот се враќа специјалистот за одбрана, Илија Абутовиќ.
Натпревар во кој ракометарите на Вардар пред себе ќе имаат една квалитетна екипа, со која ќе можат добро да се подготват за престојниот почеток на Лигата на шампионите.
Овие две екипи меѓусебно веќе играа во сезоната 2014/15 во групата Ц од Лигата на шампионите, каде вардарци издвојуваа две победи, едната на гости 27:26 и втората на домашен терен со 34:32.
Целје досега во СЕХА лигата одигра 4 натпревари, и има три победи и еден пораз. Во словенечкото дерби Целје го победи Горење со 27-26, потоа лесно се справи со Татран, 31-25, а во последниот натпревар во Љубушки, словенечките ракометари со голот на Гал Маргуч го победија Извиѓач со 32-31 . Единствениот пораз Целје го имаше од Веспрем на домашен терен, 29-34.
Ова доволно говори, дека „црвено-црните“ пред себе имаат една квалитетна екипа за респект.
Натпреварот започна од 18:00 часот, со директен преност на МРТ.