Денес, ракометарите на Вардар имаат тешко гостување кај незгодниот тим на Мешков Брест во рамките од пред последното коло во Лигата на шампионите. Натпревар во кој „црвено-црните“ дотолку издвојуваат победа ќе го осигураат првото место во групата и директен пласман во 1/4 финалето, благодарение на големата победа на Целје над дирекниот кункурент на Вардар, екипата на Рајн Некар Левен.

Но, за тоа да го направат ќе треба да одиграат одлично во нападот и цврсто во одбраната, за да го запрат одличното три на Мешков Брест, Стојковиќ, Кристофанс и Атман. Ракометари кои се вистински носители на играта на оваа екипа, кој се бори за пласман на 4-то место, со екипата на Пик Сегед.

На првиот натпревар во Скопје, ракометарите на Вардар го победија Мешков Брест со резултат 31:27. Но, тоа не мора да значи ништо, бидејќи и тогаш се измачија вардарци за да го добијат натпреварот.

„Знаеме колку е важен овој меч, ако сакаме да ја задржиме првата позиција. Знаме дека ќе биде тешко за нас. Видовме како одигра Мешков против Кјелце и против Рајн Некар Левен. Имаат добар, силен тим со со високи и со брзи играчи. Ако сакаме да го исполниме нашиот план треба да победиме“ – изјави Кањељас.

Натпреварот започнува од 17:30 часот, со директен пренос на МРТ
*Последниот натпревар на Вардар е на 13-ти март во Скопје, против екипата на Кристијанштад.