Вардар вечерва ја отвара пролетната полузесона во Лигата на шампионите со тешкото гостување кај германските лавови, екипата на Рајн Некар. Натпревар кој е клучен за што повисок пласман на вардарци во групата Б. Моментално Вардар се наоѓа на 5-та позиција на табелата, а Рајн Некар со еден бод повеќе е трет. Несомнено е потребна победа на овој натпревар, дотолку сакаме да влеземе во борба за третото/второто место, кое значи и полесен противник во 1/8 финалето од ЛШ.
Досега скорот на овие две екипи е во корист на Вардар, од три натпревари има забележно три победи (28:25, 35:28 и 25:19). Но, сепак тоа не мора да значи ништо, дури и Раул Гонзалез е свесен за значењето на овој натпревар што ќе се игра во Франкфурт.
„Важно е да собереме сили и да одиграме сто посто против Рајн-Некар и потоа имаме повеќе слободни денови. Мора да се фокусираме на овој натпревар и мислам дека можеме да одиграме добро и да оствариме добар резултат. Сепак, ти можеш да играш добро и повторно да биде тешко. И на Рајн-Некар му требаат победи, ако сакате нешто да направите во Лигата на шампионите мора да победувате дома и затоа ќе биде тешко, ама мислам ќе имаме шанси“ – изјави Раул Гонзалез.
Вардар на денешниот натпревар не може да смета на Дејан Манасков, Стојанче Стоилов, Игор Карачиќ и Александар Деревен. Во составот ќе бидат трите голмани и замената за Манасков ќе биде Владо Недановски.
Покрај овие играчи, Вардар има плејада на добри ракометари кои мора да го дадат својот максимум на овој натпревар, дотолку сакаат да забележат победа. Се очекува Лука Циндриќ да продолжи со добрите партии и да биде клучен играч на овој натпревар. Потпомогнат од Горбок, Македа, Тоскиќ и Душебаев не би требало да имаат проблеми во играта во напад. Додека во одбраната мора да одиграат на високо ниво Абутовиќ и Марсениќ, каде ќе мораат да ги сопрат секогаш расположените бекови Шмид и Ларсен.
Уве Генсхајмер се враќа во составот, но според последниот натпревар во Скопје и тактиките на Николај Јакобсен, може се да очекуваме … како и не играње на Генсхјамер.
Натпреварот започнува од 19:30 часот, со директен преност на МРТ1.
Среќно момци!