По неделата на ЕХФ во која ракометарите имаа репрезентативни обврски, повторно се враќаат назад во клубовите, каде продолжуваат со клупските активности. Така и 13-те ракометарите на Вардар, кои откако ќе се соберат во Виена, каде им е зборното место, ќе се упатат во Унгарија, каде ќе му гостуваат на актуелниот регионален првак, екипата на Веспрем, во рамките од СЕХА лигата.
Дербито ќе биде одлична шанса за вардарци како последна проверка пред гостувањето на кај европскиот првак, Барселона овој викенд. Гостуваат кај екипата која е единствена без пораз оваа сезона во 6-те натпревари кои ги има одиграно, натпревари против екипите од долниот дел на табелата. Но, унгарскиот шампион без разлика на се, ќе влезе максимално во овој натпревар, каде ќе сака да покаже дека оваа сезона се сериозен кандидат за освојување на СЕХА лигата и на Лигата на шампионите.
Од таборот на унгарскиот клуб предупредуваат дека нивната победничката серија ништо не значи, затоа што Вардар е еден од најдобрите клубови во Европа, со што максимално ќе влезат во натпреварот и со голем респект за „црвено-црните“.
„Вардар е еден од најдобрите тимови во Европа во овој мкомент. Но ние секогаш играме за победа. Ја имаме најдобрата публика и сигурен сум дека навивачите многу ќе ни помогнат на дуелот со Вардар“ – истакна Петар Гулијаш.
Досега овие две екипи имаат одиграно четири натпревари ( по две во ЛШ и СЕХА), а меѓусебниот скор е 3:1 за Веспрем. Единствената победа Вардар ја обезбеди на последниот нивен дуел во март со 28:12, во рамките од СЕХА лигата во Скопје.
Натпреварот се игра утре од 18:00 часот, со директен пренос на МРТ.