Вардар како што и се очекуваше, беше убедлив против РК Струмица со 42-27 во натпревар од рамките на СЕХА лигата. Натпревар кој беше добар тренинг пред подготовката за саботната пресметка против Колдинг во Лигата на шампионите.
Уште од самиод почеток покажаа вардарци кој ќе ги земе бодовите, иако струмичани успеаја да се држат во првото полувреме, со што заминаа со конечни 20:15. За во второто полувреме ракометарите на РК Струмица направат многу грешки, кои Дејан Манасков успешно ги казнуваше, по што го изедначи рекордот на Антл од екипата на Татран, кој истотака го постигна против РК Струмица, двајцата постигнаа по 17 погодоци.
По оваа победа Вардар се проби на 3-то место на табелата, зад екипите на Татран Прешов и ППД Загреб. Додека Струмица остана на последното место со само 2 освоени бода.
Покрај Манасков, најефикасни на натпреварот беа Душебаев и Цинриќ со по 6 погодоци, додека кај гостите Соколов и Куленовиќ по 8 погодоци.
Фото: www.ekipa.mk