Ракометарите на Вардар очекувано славеа над Металург со резултат 26:22 (14:11), во рамките од заостанатитот натпревар од 3-то коло во плејофот. Во натпревар пред околу 1000 гледачи двете екипи понудија една интересна и воздбудлива игра, за на крај „црвено-црните“ се радуваат на победата.

Раул Гонзалес комбинираше со своите ракометари, додека ракометарите на Металург достојно му се спротиставија на апсолутниот фаворит за двојната круна во Македонија. Конечните 4 погодоци разлика, беа највисоките во целиот натпревар. „Плаво-белите“ успеваа да ја одржуваат неизвесноста до самиот крај на натпреварот, но искуството си го направи своето.

Најефикасен на натпреварот кај Вардар беше Дејан Манасков со 6 погодоци, додека кај гостите најефикасен беше Филип Талески со 8 постигнати погодоци.

Фото: www.gol.mk