Екипата на Вардар одигра два натпревари во два дена, во рамките на СЕХА лигата. Вчера на домашен терен беше совладана екипата на Борац со 42:31, а вечерва очекувано вардарци ја совладаа и екипата на Нексе на гостински терен со 29:36. Со што уште една се потврди “квалитетот“ оваа сезона во СЕХА лигата …
Ракометарите на Вардар уште на самиот почеток покажаа дека се дојдени по трите бода, откако направија серија од 6:0, за само 6 минути игра, потоа и највисоко водство од 8:1. Но екипата на Нексе успеа да се врати на два гола негатива, по што Вардар замина на полувреме со 14:17.
Во второто полувреме ракометарите на Нексе ја одржуваа оваа разлика од 2-3 погодоци до 45-та минута, каде вардарци посериозно заиграа и веднаш со серија од 5:0, направија 7 гола позитива (23:33) во 56-та минута. Со што имаа мирен крај и рутински мечот го приведоа за сигурен триумф од 29:36.
Најефикасени на натпреварот беа Цинриќ со 11 и Дибиров со 8 погодоци, додека кај гостите најефикасен беше Цршен со 6 постигнати погодоци.