Македонскиот шампион Вардар го делат само уште 60 минути до најголемиот успех во историјата на македонскиот ракомет, пласман на Ф4 турнирот во Келн. Ракометарите предводени од Гонзалес ќе влезат во натпреварот со предност од два гола, кои се очекува да ги одбранат и со максимална поддршка од публиката да успеат да издвојуваат победа.

Свесни сме сите дека нема да биде лесно, но истовремено свесни дека ракометарите на Вардар се поискусни и како тим подобри од германски Фленсбург. Притисокот е голем кај „црвено-црните“, но тие веќе се навикнати на тоа и се очекува да се носат добро на вечерашниот натпревар. За жал, навивачката група „Комити“ деновиве објавија соопштение дека ќе го бодрат Вардар пред сала на поставениот видео бим, поради недоразбирањата кои ги имаат со раководството на Вардар.

Без промени во составот, Вардар ќе им се спротистави на ракометарите на Фленсбург и пробаат да им се одмаздат за поразот од пред 3 години.

Натпреварот започнува од 19:00 часот, со директен пренос на МРТ.