Екипата на Вардар денес од 17:00 часот, ја пречекува големата Барселона во дербито на 7-то коло на групата А во Лигата на шампионите. Се очекува тежок и неизвесен натпревар до самиот крај, во кој победникот ќе се најде сам на врвот на табелата.
Оваа сезона „црвено-црните“ ја имаат најдобрата одбрана во моментов во Лигата на шампионите, а денес пред себе ќе ја имаа екипата која го има најдобриот напад и најдобрата гол разлика (41+). Натпревар на две силни екипи, кои без сомнение ќе пробаат оваа сезона да се најдат на Ф4 турнирот.
Статистички од 2013 година, македонскиот тим одиграл седум средби со Барселона, и запишал две победи, едно реми, и четири порази. Најважниот триумф за вардарци сепак е во 2017 година на Ф4 турнирот, кога во полуфиналето на ЛШ остварија триумф со 26:25.
Борозан се враќа во екипата, по што не очекува гигански ракомет вечерва во СЦ „Јане Сандански“, чиј капацитет е одамна распродаден.
Среќно!