Германската екипа, Кил ќе биде противник на Вардар во 1/4 финалето од Лигата на шампиони!

Кил го елиминираше Пик Сегед, откако победи со 29:22 на домашен терен на првиот натпревар, а денеска загуби со минимални 28:27 на реваншот во Сегедин.

Македонскиот шампион со Кил досега имаат одиграно два меѓусебни натпревари во ЛШ и тоа во групната фаза во сезоната 2009/2010, каде на двата дуели бундеслигашот славеше убедливо.

Првиот натпревар ќе се одигра во Германија во период од 18-ти до 22-ри април, додека реваншот ќе биде во Скопје во период од 25-ти до 29-ти април.