Ракометарите на Вардар после двата порази од Веспрем и Кил, денес ја има улогата на фаворит и шанса да се вратат на второто место во групата.
Во составот ќе биде Стојанче Стоилов, а се враќа и Сергеј Горбок кој паузираше поради повредата на мускулот на потколеницата. Истотака и Глеб Калараш кој се жалеше на повреда е во составот, но дали Кокшаров ќе ризикува да игра со нив или ќе им даде шанса на помладите ракометари, останува да видиме.
Дефинитивно тренерот Едуард Кокшаров нема да може да смета на повредените Павел Атман и Сергеј Горпишин, но сепак „црвено-црниот“ ростер е силен и ќе може да се носи со екипата на Мешков Брест.
Традицијата во ЛШ е на страната на вардарци кои триумфирале на два од четири натпревари, еден завршил нерешено, а една победа имаат Белорусите. Последниот натпревар со нив во Скопје, ракометарите на Вардар славеа со убедливи 30:23.
Натпреварот започнува од 17:00 часот, со директен преност на МРТ.
Група Б – Сезона 2019/2020
Позиција | Екипа | Вкупно | Победи | Нерешени | Порази | Бодови |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | ![]() | 10 | 7 | 2 | 1 | 16 |
2 | ![]() | 10 | 7 | 0 | 3 | 14 |
3 | ![]() | 10 | 5 | 2 | 3 | 12 |
4 | ![]() | 10 | 5 | 1 | 4 | 11 |
5 | ![]() | 10 | 4 | 2 | 4 | 10 |
6 | ![]() | 10 | 4 | 1 | 5 | 9 |
7 | ![]() | 10 | 2 | 0 | 8 | 4 |
8 | ![]() | 10 | 1 | 2 | 7 | 4 |
Фото: Официјалниот сајт на ЕХФ Лигата на шампионите.