Бранителот на титулата Вардар и стариот ривал Металург по една година пауза одново ќе играат финале за титула. Денес од 16:30 часот, во салата „Младост“ во Битола двата скопски тима ќе се борат за пехарот во ракометниот Куп на Македонија.
Според резултатите и односот на силите, Вардар е апсолутен фаворит за овојување на 13-тата Куп титула во својата историја. Но, тука е незгодниот Металург да им ја отежни работата на „црвено-црните“, кои полека се фокусираат на Ф4 турнирот во Кел следната недела.
Останува да видиме попладнево, колку тоа „плаво-белите“ ќе успејат да им парираат на вардарци, кои очекуваат да се закинат со уште една титула.
Директен пренос од натпреварот ќе може да погледнете на Телма телевизија.