Ракометарките на Вардар СЦЈС денеска од 15:00 часот и гостуваат на шведската екипа, Х65 Хорс во рамките од првиот 1/8 финален натпревар во Челинџ купот.
Во стандарден состав нашите ракометарки заминаа за Шведска, каде ќе пробаат да го повторат ланскиот успех, односно да се пласираат меѓу осумте најдобри екипи во Купот Челинџ. Иако заминаа без ниеден контролен натпревар, тие се надеваат дека можат да му се спротистават на поискусната екипа, која последниве две години се пласира во 1/4 финалето во ова натпреварување.
„Овој месец го искористивме и за базични подготовки во Скопје, а хендикеп ни е немањето на натпревари. Знаејќи ја нашата лига немаме некои сериозни ривали, па останавме без контролни средби. И моравме да играме меѓу себе. За противникот имаме доста информации, а тие се во предност бидејќи во јануари одиграа неколку натпревари, па се веќе во некоја форма“ – изјави Симе Симовски, тренерот на Вардар СЦЈС.
Сезонава Вардар СЦЈС во третото коло во Купот Челинц играше со бугарски Свиленград и победи на двата натпревари. Но, сега ќе игра против една далеку поквалитетена екипа, со различен стил на играње.
„Се подготвуваме да ја стопираме таа брза игра на Швеѓанките, и без многу грешки. Со ладни глави и без еуфорија патуваме таму. Имаме некои задачи што треба да ги одработиме. Доколку ги слушаат нашите совети девојките тогаш веривам дека имаме шанса“ – изјави Симовски.
Натпреварот ќе може да се следи во живо на интернет страницата на шведскиот клуб, на овој ЛИНК.
Реваншот се игра на 12 февруари во Скопје.